Македонија во „Лигата Б“ може и со бод во Никозија!

Се одигра и вториот натпревар од петтото коло во групата „2“ од Лигата Ц (УЕФА Лига на нации), репрезентацијата на Ерменија на гостински терен со резултат 1:2 триумфираше над Грузија.

Со овие три бода Ерменците ќе бидат нашиот ривал за првото место кое води во повисокиот ранг „Лига Б“.

Потсетување најдобрата македонска селекција во Скопје денеска со 2:1 славеше против Естонија. После првото полувреме водеше Ерменија со голот на Газарјан во 33 минута, израмнија домаќините од пенал кој го реализираше Вако (65`), а конечниот епилог го постави Адамјан во 86 минута од средбата.

После пет одиграни кола води Македонија со девет бодови, пред Ерменија со осум, третопласирана е Грузија со шест, а последна Естонија (два).

Грузијците со овој пораз практично ги загубија шансите за првото место, па така во директна пресметка за врвот на 18 ноември во Никозија (Кипар) силите ќе ги одмерат Ерменија и Македонија. На избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе им биде доволен и бод во остварувањето на целта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот