skopje-drvja-lipi-ulica-lugje-trotoar-leto
Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Македонија лидер во регионот по бројот на неработни денови, но нема да се намалуваат

Иако во Македонија има 28 неработни денови во текот на годината поради државни и верски празници, не се размислува за укинување на бројот на празници што се неработни.

Како Влада Ве информираме дека државните празници остануваат непроменети, истите се дел од годишниот календар на неработни денови согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија. Календарот го објавува Министерството за социјална политика, демографија и млади, велат од Владата за Алсат ТВ.

Неколку европски држави веќе размислуваат за укинување на дел од државните празници, за да се поттикне економскиот раст на тие земји. Па така, пред неколку месеци Франција предложи еде ден од Велигден и денот на победата на фашизмот  да бидат избришани од списокот на неработни денови.

Македонија со 28 неработни денови во текот на годината е на врвот во регионот според неработните денови. Најмалку неработни денови има во Албанија и Хрватска,  по 14.

11 Октомври – темелот на македонската државност и посебност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот