Македонија ќе биде домаќин на две европски кошаркарски првенства во 2024 година

фото: kfsm.mk

Во следната 2024 година македонската кошаркарска федерација ќе организира две европски првенства во младинска категорија.

Најпрвин во периодот од 26 јули до 4 август 2024 во Скопје ќе се одржи Европското првенство Дивизија Б за кошаркари „Под 18“ години.

А од 8 до 17 август 2024 исто така во главниот град ќе се игра Европското првенство Дивизија Б за кошаркари „Под 16“ години.

Ова е само уште една потврда повеќе за одличните релации кои македонската кошаркарска федерација ги има со Светксата кошаркарска федерација, особено европската зона на ФИБА.

Нашите млади кошаркари, оние од селекцијата „Под 20“ години (2004 година и помлади), ќе се борат за што подобар пласман на Европското првенство кое ќе се игра од 13 до 21 јули во полскиот град Гдиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот