ВИДЕО | Македонија го освои седмото место на детската Евровизија, Франција ја однесе победата
Македонија постигна одличен резултат на 23. издание на детската Евровизија, кое вечерва се одржа во Тбилиси, Грузија. Нашата претставничка Нела Манческа со песната „Miracle“ го освои седмото место во конечниот пласман, во конкуренција од 18 земји.
Препорачано
Настапот на нашата претставничка беше високо оценет од стручните жирија, од кои доби вкупно 92 поени, што ѝ донесе петто место по гласовите на жирито. Со додавање на гласовите од публиката, Македонија собра вкупно 49 поени од гледачите и го заврши натпреварувањето на седмата позиција.
Манческа се претстави со моќна и сигурна изведба, која беше наградена со силен аплауз во салата. Да потсетиме, песната „Miracle“ е авторско дело на Лазар и Магдалена Цветкоски.
Победата на годинашната детска Евровизија ѝ припадна на Франција со песната „Ce Monde“, која доби најмногу поени и од жирито и од публиката. Француската претставничка Лу Делез освои 152 гласа од жирито, а дополнителни 96 поени пристигнаа од гледачите, што ѝ обезбеди убедлива победа. Второто место го освои Грузија, додека Украина заврши на третата позиција.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
33мин
-
37мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


