Мајмуни во Индија на лаборант му украле примероци од крв на болни од коронавирус

Мајмуните потоа се качиле на дрво, ги џвакале пакетите со примероците крв и ги фрлале долу.

Група мајмуни украле примероци од крв земена од лица кои биле заболени од коронавирус. Сето тоа се случило вчера на северот од Индија, во државата Утар Прадеш.

Лабораториските техничар, кој бил вработен во одделението за ковид -19 во болницата, ги носел примероците од крв на тестирање кога мајмуните му ги украле.

Настанот за Си Ен Ен ги потврди Дерај Балијан, медицински надзорник во болницата Лала Лајпат Раи.

Мајмуните го нападнале лабораторискиот техничар и му ја украле кутија со три примероци, рече Балијан.

С.К. Гарег, директор на болницата, рече за локалните медиуми дека се работи за примероци на крв, а не за брисеви кои инаку се земаат за тестирање на коронавирус.

Вели дека се работи за крв на луѓе кои преку брис биле позитивни на коронавирус, а крв им е земена за да се спроведе дополнително тестирање.

Мајмуните потоа се качиле на дрво, ги џвакале пакетите со примероците крв и ги фрлале долу.

Медицинскиот надзорник на Си Ен Ен тврди дека никој не дошол во контакт со примероците и дека вработените во болницата веднаш направиле дезинфекција на целото подрачје каде дошло до инцидентот и дека примероците кои мајмуните ги фрлале соодветно ги складирале.

Администрацијата наложи истрага поради наводно лошо постапување со примероците.

Еден индиски функционер за АФП наведе дека примероците не се оштетени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот