Мајката на Пино: Ангела ќе излезе од затвор, ќе оформи семејство, Пино ништо од тоа нема да види, никогаш

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Мајката не ја слушна пресудата лично, бидејќи веќе два дена е во Италија, во домашна изолација. Ја известил адвокатот.

Ангела сега има 22 години. По завршувањето на затворската казна, таа на 40 години ќе излезе од затвор и ќе си го продолжи животот како слободен човек. Веројатно ќе си оформи семејство, ќе добие деца… Ќе продолжи таму каде што застанала. Ќе живее, ќе се смее, ќе го гледа сонцето, месечината… Пино ништо од тоа нема да види, никогаш, раскажува во телефонски разговор за ,,Фокус,” Маја Трпковска, мајката на Пино Секондо, 26-годишното момче кое беше убиено во декември 2018 година.

-Нема ниту ние да го видиме, никогаш. Неговите деца нема да се родат, јас моето дете нема да го прегрнам никогаш, оти така сакале и одлучиле Ангела и убиецот Фуркан – вели Маја Трпковска, мајката на Пино Секондо.

Денес скопјанката Ангела Ѓорѓиевска беше осудена на 19 години затвор за помагање во неговото убиство. Али Фуркан кој со пушка го застрелал во главата Пино, а потоа со Ѓорѓиевска заедно го закопале во атарот на Љуботен, е во бегство.

Мајката не ја слушна пресудата лично, бидејќи веќе два дена е во Италија, во домашна изолација. Ја известил адвокатот. Вели дека со сопругот, кој има здравствени проблеми, се уште се во шок, бидејќи очекувале поголема казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот