ХОРОР МАЈКА: Ја носела на солариум и ја терала да пие енергетски напитоци за титули за убавина (ФОТО)
Малечката блонди убавица Една Вуд е родена во 2005 година, а кога имала само две години нејзината мајка Мики одлучила од своето дете да направи модел и кралица на убавината.
Додека нејзините врснички си играле со куклички, Една морала да трпи нејзината мајка да ја „средува“ и фотографира, а потоа буквално да ја „влече“ по разни настани за убавина ширум земјата, што доведе до тоа Една Вуд да е прогласена за најубаво девојче во САД.
Малата Една морала да ја „сочува убавината“, редовно посетувала солариуми, јадела само нискокалорична храна, облекувала раскошни фустани, била нашминкана секојдневно и со комплицирани фризури.
Така малата девојка, која се уште не знаела ниту една буква, дефилирала на пистите и им мафтала на присутните. Жирито било задоволно, но приговорите од публиката паднале на нејзината мајка Мики.
За Една секогаш да биде насмеана и добро расположена, нејзината мајка и давала енергетски напитоци, кои девојчето редовно ги пиело.
Сите тие енергетски пијалоци го згрозиле здравјето на Една: таа почала да има силни главоболки и проблеми со варењето. Но нејзината мајка не била заинтересирана за тоа, таа продолжила да прави модел од својата ќерка.
Конечно, Мики била предупредена дека ќе и го одземат детето, доколку не се промени. Подоцна се испоставило и дека мајката често ја тепала Една „со цел девојчето да создаде отпор кон стресните ситуации“.
Кога Една наполнила 6 години и ја добила 300-та круна изразила желба да прекине со натпреварите за убавина и манекенство. Девојчето изјавило дека е уморно од се и дека сака да работи нешто друго.
Подоцна напишала автобиографска книга, глумела во неколку филмови и креирала кукла која личи на неа. Во иднина планира да започне бизнис со нејзината мајка, бизнис во кој тие би се занимавале со продажба на детска облека.
Денес Една има 14 години, но гледајќи ги нејзините фотографии се стекнува впечаток дека има барем 20.
Годините поминати под психичката тортура проследена со многу третмани за разубавување кои Една ги добила до својата 14 година дефинитивно ја „присилиле“ да созрее прерано…