Мајка го уверувала синот дека ќе го најдат Џон Сина ако побегнат од Украина, тој ги пронашол нив

џон сина
Џон Сина / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Откако Русија ја нападна Украина пред речиси четири месеци, повеќе од 13 милиони Украинци ја напуштија својата татковина. Некои градови, како Мариупол, се целосно уништени. Многу семејства избегаа на почетокот на војната, но на сите не им било сосема јасно зошто си заминуваат. Војната несомнено најмногу ги погоди децата кои се особено збунети и чувствителни по ова прашање, а на оние со пречки во развојот ќе им биде уште потешко да разберат сè што се случува.

Кога домот на Лијана Рохожин во Мариупол бил уништен, таа и нејзиното семејство биле принудени да побегнат. Нејзиниот 19 годишен син Миша со Даунов синдром, бил многу вознемирен што морал да остави сè што знаел претходно. За да го утеши, Лијана му рекла на Миша дека одат на пат за да го најдат шампионот во борење Џон Сина.

Тоа секако било приказна која очајната мајка ја измислила во тешката ситуација. Како родител, секој го прави она што мора да го направи за да ги заштити своите деца. Лијана немала поим дека Џон Сина не само што ќе дознае за нивната тешка ситуација туку и ќе даде сè од себе за да го утеши нејзиниот син и целото семејство.

Сина случајно се нашол во Европа кога прочитал текст за нивната судбина и начинот на кој мајката го мотивирала синот да избегаат од ужасната војна која сè уште беснее во Украина.

Популарната ѕвезда се сретнала со семејство во близина на Амстердам, Холандија и поминале пријатно попладне играјќи коцки и уживајќи во колачи. Сина има само убави зборови за Миша и неговата мајка. „Способноста на Миша да биде упорен е извонредна“, рече тој, додавајќи дека Миша и Лијана се „два одлични примери за тоа дека упорноста може да доведе до среќа, дури и во најтешките моменти“.

Откако го поминал денот со младиот човек и му дал опрема за борење, тој му рекол: „Ова беше прекрасна авантура во која запознав прекрасен нов пријател. Ти благодарам што ми даде сила“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот