Мајка го носи на грб нејзиниот хендикепиран син и заедно патуваат низ светот: Тој е мојата инспирација

Ники Антрам
Ники Антрам и нејзиниот син Џими / Фото: Принтскрин Фејсбук

Австралијката Ники Антрам со години патува низ светот со својот син Џими. 43-годишната мајка го добила Џими кога имала 17 години, а веќе посетиле многу делови од Австралија, биле на Хаваи и на Бали, пишува „Daily Mail“.

Џими е роден со физички и ментален хендикеп. Ослепел кога имал само два месеци и му треба секојдневна помош.

Кога Ники го родила Џими, си ветила дека ќе му го даде најубавиот можен живот. Оваа инспиративна мајка често го носи Џими на грб за време на патувањата, за да му олесни да ужива во бројните авантури.

Ники Антрам и нејзиниот син Џими / Фото: Принтскрин Фејсбук

Како што вели, знае дека носењето на Џими на грб со текот на времето ќе станува сè потешко. Имаат и инвалидски колички кои понекогаш ги користат, а Ники му помага на синот сам да направи неколку чекори.

„Кога планирам некое големо патување, секогаш внимавам да имам доволно пелени, облека, па дури и перници, постелнина итн. Планирам сè однапред и го најавувам нашето пристигнување каде и да одиме, од ресторани, хотели до разни авантури. Дури и да знам дека се ќе биде во ред, сакам да ги информирам за нас за да бидам сигурна дека сè разбираат и дека сè ќе помине добро“, изјави Ники.

Ники Антрам и нејзиниот син Џими / Фото: Принтскрин Фејсбук

Џими досега јавал коњ, се санкал, пливал со делфини… Ники вели дека не може да престојуваат во какво било сместување поради неговата состојба.

„Исклучок беа Хавајските острови, каде што сите сакаа Џими да им се придружи“, вели таа.

Ники Антрам
Ники Антрам и нејзиниот син Џими / Фото: Принтскрин Фејсбук

Ники веќе ја планира нивната следна авантура во Канада, но пандемијата ги променила нивните планови, па се надева дека наскоро ќе стивне целата ситуација. Тие во моментов патуваат низ Австралија поради мерките за ковид.

„Среќна сум бидејќи Џими има слични интереси како мене. И двајцата уживаме во природа, вода, авантури. Од Бали до Хаваи, цела ноќ би останале надвор, бидејќи и тој сака да се забавува. Наоѓам начини да му обезбедам најдобар и најавантуристички живот. Најчесто најмногу ужива во наједноставните работи“, изјавила таа.

Ники Антрам
Ники Антрам и нејзиниот син Џими / Фото: Принтскрин Фејсбук

„Тој е мојата инспирација. Секогаш е среќен, насмеан… Понекогаш се прашувам како можам да бидам тажна кога го гледам толку насмеан иако никогаш не видел бои, облаци, виножита… Седи и се смее. Не ме гледа на конвенционален начин, но сигурна сум дека има визија во својот ум за тоа како изгледам“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот