Фото: илустрација / Rawpixel / CC0

Маѓар забрани увоз на храна од Украина

Унгарскиот премиер Петер Маѓар донесе одлука со која се забранува увозот на земјоделски производи од Украина, објави тој на „Икс“, а пренесоа украинските медиуми.

Министерот за земјоделство и храна, Соболч Бона, на социјалните мрежи појасни дека претходната власт го оставила ова прашање во состојба на правна неодреденост. Според него, ограничувањата донесени од владата на Фидес биле поврзани со вонредната состојба, па по нејзиното истекување, претходните владејачки структури направиле пропуст во планирањето и не ги продолжиле мерките со закон.

Бона најави дека кабинетот итно ќе подготви нов предлог-закон со кој ќе се гарантира правната сигурност и заштитата на унгарските производители. Ограничувањата ќе опфатат месни производи (говедско, свинско, јагнешко, овче и живинско месо), како и замрзнат зеленчук и житни култури.

Премиерот Маѓар на 14 мај прогласи крај на вонредната состојба што првично беше воведена во 2020 година од поранешниот премиер Виктор Орбан поради пандемијата на ковид-19, а во 2022 година беше продолжена поради руската инвазија врз Украина. Будимпешта првпат воведе забрана за украински земјоделски производи во април 2023 година.

По почетокот на војната во Украина, ЕУ повика на формирање „коридори на солидарност“ за да се заобиколи руската блокада на црноморските пристаништа, преку кои претходно се извезуваше украинското жито. Сепак, неколку соседни земји побараа од Европската комисија рестриктивни мерки, со образложение дека огромните количини храна од Украина ги уриваат цените на пазарот и им нанесуваат сериозни загуби на локалните фармери.

Фицо го критикува предлогот на Мерц за Украина: Или некого го примаме во ЕУ, или не го примаме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот