„Магионичар“ од Англија осуден на 30 години затвор: Силувал 7 девојчиња, едно останало бремено

Британска полиција/ Фото:ЕПА

Пол Меки (57), магионичар, детски аниматор и мормон од Англија е осуден на 30 години затвор по екстрадицијата од Тајланд поради силување на голем број малолетнички, од кои едната останала бремена. Меки, чие уметничко име било професор Паулос, бил осуден за 13 сексуални престапи и сексуално злоставување на седум девојки во период од 24 години.

Тајландските власти го екстрадирале Мекки во Велика Британија. Обвинетиот имал сопруга и мала ќерка во Тајланд, а во текот на судењето ги негирал сите обвинувања. Осудувајќи го Меки, судијата Дејвид Свинертон рекол дека тој бил многу манипулативен и физички навредлив човек.

„Вашето однесување е предаторско во текот на многу години. Дома создадовте средина во која децата сакаа да дојдат. Имавте животни – свиња, мајмуни. Организиравте забави. Работевте како забавувач за деца во одморалиштата, бевте познат како професор Паулос“, рекол судијата, пренесува „Дејли мејл“.

Меки снимил дел од неговите злоставувања, а за време на судењето се дознало дека една од неговите жртви имала само две години, а друга, која почнал да ја злоставува кога таа имала 14 години, останала бремена.

„Свесно сте избрале да работите на позиции кои ќе ве доведат во контакт со децата. Исто така, откако се преселивте во Тајланд, поминавте некое време на училиште“, додаде тој.

Девојчето кое останало бремено раскажало како тој ја врзал и ја силувал. Како и другите жртви, тој во неколку наврати ја силувал малолетничката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот