Лукаревска: Ситуацијата со Пауновски не требаше да се одвива преку медиумите

„Прокосот во политиката некогаш значи креативност, ентузијазам, енергичност и јас не секогаш би го сфатила како нешто погрешно, сепак може би не требало до толку медиумски да се сведе целата ситуација со Стојко Пауновски. За вакви сензитивни теми, преку медиуми се носат погрешни заклучоци“ изјави новата заменичка претседателка на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска.

„Тоа што се случи со Стојко Пауновски е негова лична одлука за тоа како сакаше да ја заштити институцијата и јас го почитувам за тоа. Сепак, имаме законско решение, соодветен план за кој што сите бевме консултирани. Доколку вработени не ги покажат резултатите ќе мора да се поздравиме со нив. Никој директор не би сакал да има дамки во неговото работење“ кажа Лукаревска.

Таа додаде дека проблемот со рамковните вработени е наследен проблем, кој што оваа влада смогна сили и на одреден начин и во одрена рамка го реши.

Исто така, Лукаревска објасни дека вработени со несоодветно образование има во повеќето државни институции и тие се наследени од претходните раководства.

Пауновски: Кога некој ќе отспие, ќе сфати што направил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот