ВИДЕО | Луѓето кои ги командувал Шеваљ Муареми осудени од 5 до 15 години затвор за кокаин и убиства
Додека водачот Шеваљ Муареми е во бегство, во Кривичниот суд осудени за убиства и дрога беа шестмина припадници на неговата група, односно Кривичниот суд ги прогласи за виновни дека продавале кокаин и вршеле убиства по нарачка и за одмазда.
Препорачано
Двајца од обвинетите, дел од групата Дуќанџик/ Грчец се обвинети на 15 и 14 години затвор за злосторничко здружување и двојно убиство, додека пак четворица обвинети се осудени на пет, односно шест години затвор за купување и продажба на кокаин.

Фати Сулејмановски е осуден на 14 години и шест месеци затвор, а Шулајб Сулејмановски на 15 години затвор.
Тројца се осудени на пет години затвор за купување и продажба на дрога.
Осудени се дека под водство на Муареми и убиениот Орхан Бајрами Оки неколкупати во текот на 2020 година биле вмешани во купување на 15 килограми и 5 грама кокаин, негово пренесување и продавање во државава.
Двајца пак се обвинети за двојното убиство во Топанско поле кога беа убиени Африм Бериша и Бурим Вардари, бидејќи наводно Бериша го организирал нападот против нив во „Александар палас“.

Групата брои околу 15 лица, дел се убиени, дел се во бегство.


