„Се менуваат министри, началници и власт, само Шеваљ не се менува во Македонија“ – една од „Скај“-пораките што смести соработник на Шеваљ Муареми осум години зад решетки
Енкриптирани пораки од апликацијата „Скај“ што македонските власти со меѓународна правна помош ги добиле од Франција, сместија соработник на наркобосот Шеваљ Муареми од кланот „Грчец“ со прекар „Тони Барселона“ осум години зад решетки. Пресудата е правосилна, а во пораките од „Скај“ се разговарало за транспорт на 105 килограми кокаин од Јужна Америка за Ротердам Холандија …

