ЛШ: Радост за Елмас во Салцбург, Мертенс испишува историја со Наполи! (ФОТО+ВИДЕО)

Во рамките од групата „Е“ екипата на Наполи ја забележа и втората победа овојпат во Австрија кај Салцбург триумфирајќи со конечен резултат 2:3, а во победничките редови настапи и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Воедно да додадеме уште еден интересен податок, Мертенс се доближи на само еден погодок од славниот Диего Марадона по бројот на голови во историјата за Наполи.

Сега Мертенс има 116 голови, еден повеќе од славниот Диего Марадона (115). Секако да не се заборави фактот дека Марек Хамшик има најмногу погодоци, вкупно 121.

Во 17. минута Мертенс донесе водство за „наполитанците“, а пред крајот на првото полувреме израмнија популарните „црвени бикови“ преку Хааланд.

Прочитајте и...  Мото ГП: Поништен најбрзиот круг на Бањаја, пол позицијата за Вињалес

Мертенс по вторпат се запиша во листата на стрелците во 64. минута, но повторно израмнија играчите на Салцбург, благодарение на вториот гол на Хааланд..

Дефинитивно Мертенс беше еден од најзаслужните за трите бода на калчолигашот, асистираше за победа до Инсиње во 73. минута од средбата. Елмас настапи од 80. минута како замена за Каљехон.

Барселона во групата „Ф“ исто така дојде до вториот триумф сезонава, беше совладана Славија Прага минимално со 1:2. Лионел Меси уште во третата минута најави дека Каталонците одат на трите бода.

Па, на стартот од вториот дел од Чесите израмнија во 50. минута преку Борил, но самите си „пресудија“ пораз седум минути подоцна со автоголот на Олајинка, во обидот Суарез да го загрози погодокот на домаќините.

Прочитајте и...  Убедлив триумф на Лејкерс на стартот од финалето на Западот (ВИДЕО)

Лига на шампиони

3. коло, резултати

Група „Е“

Салцбург-Наполи 2:3
Генк-Ливерпул 1:4

Табела: Наполи 7 бодови, Ливерпул 6, Салцбург 3, Генк 1.

Група „Ф“

Интер-Дортмунд 2:0
Славија Прага-Барселона 1:2

Табела: Барселона 7 бодови, Интер 4, Дортмунд 4, Славија Прага 1.

Група „Г“

Лајпциг-Зенит 2:1
Бенфика-Лион 2:1

Табела: Лајцпиг 6 бодови, Зенит 4, Лион 4, Бенфика 3.

Група “Х“

Ајакс-Челзи 0:1
Лил-Валенсија 1:1

Табела: Ајакс 6 бодови, Челзи 6, Валенсија 4, Лил 1.

Прочитај повеќе

Сензација во Рим, Шварцман го елиминира Надал

Слободен печат

Кои се десетте најголеми удирачи во боксот, Тајсон е втор, а големиот Мухамед Али го нема на листата

Слободен печат

Мак ракометот во проблеми, нови седум случаи на ковид-19

Слободен печат

Иџе седмопласиран на патеката Валелунга во Италија

Слободен печат

Кошмарен старт на сезоната за јунајтед (ВИДЕО)

Слободен печат

Дербито на двете Борусии им припадна на „милионерите“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Бејл се врати во Тотенхем (ВИДЕО)

Слободен печат

Денеска во Ѓорче ечеше „Мртов шиптар, добар шиптар“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Словенецот Погачар сензационален победник на Тур де Франс

Слободен печат

Левски му се реваншира на МЗТ Скопје за вчерашниот пораз

Слободен печат

Ново гол шоу на Лидс, први минути во Премиер лигата за Алиоски

Слободен печат

Вардар поразен од „лавовите“ во градското дерби

Слободен печат