Лоши вести за тенисерите, ништо и од Австралија Опен?!

Организаторот на грен слем турнирот со кој започнува новата сезона, потврди дека се разгледуваат неколку сценарија меѓу кои е и тоа да се одложи турнирот поради пандемијата на коронавирусот.

Директорот на тениската федерација на Австралија, Крег Тили, денеска изјави дека организаторите на првиот годинешен грен слен се подготвени на сите сценарија, а доколку до јануари идната година се победи пандемијата, најверојатно на трибините ќе присуствуваат само австралиски државјани.

– Најдоброто сценарио во овој момент е да учествуваат тенисерите кои можеме да ги донесеме во Австралија и притоа да ги запазиме сите правила во поглед на карантинот. Исто така разгледуваме на трибините да има само навивачи од Австралија. Најлошото сценарио е турнирот да не се одржи идната година – изјави Тили.

Досега поради пандемијата на коронавирусот се одложени повеќе од 30 турнири, меѓу кои најпознат е Вимблдон, додека вториот грен слем во годината, Ролан Гарос е презакажан за во септември.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот