ЛОША ПРОЦЕНКА НА КАПЕТАНОТ: Суперјахтата „Екстази“ урна надзорна куќарка на карипско пристаниште (ВИДЕО)

Фото: Википедиа

Туристите на карипскиот остров Сент Мартин стоеа на мостот, без да претпостават дека ќе присуствуваат на крајно несекојдневна глетка.

Скапоцената јахта во сопственост на пакистанскиот милијардер Алшаир Фијаз удри во мостот на пристаништето и сруши една од неговите контролни кабини.

Видеото, кое беше споделувано од илјадници луѓе на социјалните мрежи, прикажува силен удар на брод во мостот, додека јахтата се движела кон лагуната Симпсон Беј на карипскиот остров Сент Мартин.

Суперјахтата „Екстази“, која е висока 282 метри и вреди меѓу 75 и 120 милиони долари, удри во кабината за надзор на морски сообраќај, оставајќи ги туристите на мостот без здив.

На снимката може да се забележи како човек во бела униформа бега од кабината непосредно пред да ја сруши големиот бродски трупи.

Во несреќата нема повредени, а бродот, според информациите, претрпел само милнимална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот