• суперјахта

ВИДЕО: Шпанската полиција заплени јахта на руски олигарх

Шпанските власти во соработка со американското ФБИ запленија јахта на руски олигарх во Мајорка. Суперјахтата, проценета на 70 милиони фунти, е поврзана со Виктор Векселберг, санкциониран руски милијардер и близок сојузник на Владимир Путин. Јахтата со 22 членови на екипажот има седум луксузни кабини.