Лони Вилисон живее како бездомничка: Тажно е да се гледаат фотографиите на некогаш фаталната русокоса

Фото: Профимедиа

Многу мажи „страдаа“ по русокосата убавица со совршена линија, а сега таа одвај преживува на улиците низ Лос Анџелес.

Поранешната манекенка Лони Вилисон (37), која беше во брак со sвездата на „Чувари на плажата“ Џереми Џексон, денес е далеку од атрактивната русокоса каква што беше некогаш, и тешко е да се препознае.

„Копа“ по контејнери

Откако две години се сметаше за исчезната, Лони беше пронајдена во Лос Анџелес минатиот октомври, каде живее како бездомничка, а нејзините најнови фотографии ја растажија јавноста.

Фото: Профимедиа

Папараците ја снимиле Вилисон додека му се смеела на странец кој ѝ давал храна, а на фотографиите објавени од британски „Сан“ се гледа дека ѝ недостасува предниот заб.

Нејзините нови потресни фотографии се појавија само неколку месеци откако беше снимена како „копа“ во контејнер во потрага по храна.

Лони во претходното интервју за „Сан“ призна дека заглавила, а открила дека завршила на улица откако доживеала нервен слом. Уште една поранешна партнерка на Џереми, Синди Ковач, коментирала за британскиот таблоид дека актерот одбил да ѝ помогне на Лони откако се разделиле во 2014 година.

Фото: Профимедиа

– Многу е тажно тоа што ѝ се случи на Лони и што никогаш не ја доби потребната помош – рекла Синди, додавајќи дека ѝ било лошо од начинот на кој Џереми се однесувал кон неа.

Пријателите сакале да ѝ помогнат, таа ги одбила


Откако нејзините пријатели ги видоа фотографиите како Лони бара храна во контејнери, започнаа акција за да ја отстранат од улицата. Тие не успеаја во тоа, бидејќи Лони, наводно, само се истуширала и јадела во хотелот и повторно се вратила на улиците.

Лони беше во брак со Џереми од 2012 до 2014 година, а потоа исчезна во 2018 година кога нејзините пријатели се обидоа да ја убедат да отиде во клиника за рехабилитација за да ги реши нејзините ментални проблеми и зависноста од дрога.

Фото: Профимедиа

Нејзиниот брак пропадна по серијата расправии под дејството на алкохол.

Лони работела како асистентка во центар за пластична хирургија во Лос Анџелес, во 2016 година доживеала нервен слом и добила отказ, а потоа го изгубила својот дом. Извесно време работела и како фитнес-инструкторка и ги красела насловните страници на некои списанија, но сè тргнало наопаку заради менталните проблеми што ги има.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот