Лондон, Англија / Фото EPA-EFE/NEIL HALL

Лондон го отфрли американското барање за употреба на нуклеарно оружје против Русија

Велика Британија сака самостојно да го користи своето нуклеарно оружје за да ја одврати Русија поради зголемената загриженост за нејзината ранливост на политички промени во доктрината на Белата куќа, пишува британскиот весник „Дејли експрес“.

„Штом проектилите ќе се најдат на подморницата, нивното распоредување ќе биде прашање на Владата на Обединетото Кралство и на никој друг, нема сомнеж во тоа“, изјави за весникот висок функционер на британската морнарица.

Авторот на материјалот потсетува дека, иако Обединетото Кралство усовршува и произведува сопствени нуклеарни боеви глави и системи за наведување, за нивна испорака мора да се користат американски ракети Тридент Д5, изнајмени од САД.

Велика Британија и САД продолжуваат да работат според Договорот за заемна одбрана од 1958 година, кој овозможува размена на специјализирани технологии меѓу двете земји, наведуваат медиумите.

Во 1963 година, американскиот претседател Џон Ф. Кенеди ѝ даде на Британија оперативна автономија во употребата на нуклеарно оружје користејќи американски системи за испорака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот