Локвенец: Железниците сами по себе претставуваат суштински стожерен дел од критичната инфраструктура на секоја држава – имаме јасна оперативна стратегија

Хари Локвенец, директор на ЖРСМ/ Фото: Слободен печат

Состанокот во Белград беше организиран од Европската транспортна заедница, најверојатно како никогаш до сега присутни беа буквално сите. Присутни беа соодветните министри кои ја покриваат оваа област, моите колеги и меѓународните финансиски институции под покровителство на ЕУ. Сетоа тоа беше одлична можност за размена на идеи и креирање на планови за идно функционирање, изјави во Утрински брифинг генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“, Хари Локвенец.

Тој нагласи дека на самиот состанок се потпишани два меморандуми, на министерско и на директорско ниво.

-Најважниот дел е со планираниот буџет за следниот период на ЕУ. Железниците се враќаат на пиедестал. Се враќаат заради повеќе прерогативи поврзани со еколошкиот, најбрзиот транспорт. Железниците сами по себе претставуваат суштински стожерен дел од критичната инфраструктура на секоја држава.  Следниот период најголем дел од буџетските средства на ЕУ ќе бидат наменети за железничка инфраструктура, наспроти претходниот период кога беа наменети за патната, додаде Локвенец.

Македонски железници се неминовност во процесот на поврзување.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот