ФОТО | Лижавчиња за вагина: Новиот производ на Кортни Кардашијан стана вирална тема на социјалните мрежи
Кортни Кардашијан повторно ја прошири својата линија „Леми“ со уште еден неочекуван производ – пробиотички лижавчиња за интимно здравје, пишува „Њујорк пост“.
Препорачано
Неодамна, најновата верзија на нејзиниот популарен додаток „Леми Пур“, кој досега беше достапен како гумирани таблети и капсули за одржување на вагиналната флора, беше официјално претставена во форма на лижавче, достапна исклучиво во продавниците на „Таргет“.
Истиот активен состав кој се наоѓа во гумираните таблети по цена од 30 долари, сега е дел и од новите лижавчиња што чинат 5,99 долари по пакување. Главната состојка е пробиотичката бактерија Bacillus coagulans, која помага во одржување на здравата вагинална микрофлора – односно рамнотежата помеѓу „добрите“ и „лошите“ бактерии во интимниот дел.
Тоа е од особено значење, бидејќи нарушената рамнотежа во вагиналниот микробиом може да предизвика проблеми како бактериска вагиноза, габични инфекции и аеробен вагинитис.
„Таквата состојба може да го зголеми и ризикот од уринарни инфекции, а некои истражувања дури ја поврзуваат со компликации во бременоста, како предвремено породување“, објаснува Оливија Касано од компанијата „Еви“, специјализирана за женско здравје.
Бактеријата Bacillus coagulans произведува млечна киселина која помага во одржување на соодветното pH ниво, го поддржува имунитетот и придонесува за регулирање на шеќерот во крвта. Одредени истражувања покажуваат дека може да ги ублажи и симптомите на синдромот на иритабилно црево, како подуеност, грчеви и дијареа.

Новите лижавчиња „Леми Пур“ содржат и витамин Ц, кој обезбедува антиоксидативно и проколагенско дејство, како и екстракт од ананас за природен вкус. Производот е целосно вегетаријански, без глутен, без ГМО, засладен со вистински шеќер и има 70 калории по лижавче.
Ова е втор ваков додаток во линијата „Леми“. Првиот, наречен „Леми Глоу“, беше ограничено издание на лижавчиња за коса, нокти и кожа. Но овојпат, како што најавува брендот, новите „Пер“ лижавчиња ќе бидат трајно достапни.
„Нашата заедница се вљуби во првите лижавчиња, па не можев да дочекам да ги вратам во нова форма,. Леми Пер лижавчињата се забавна надградба на еден од нашите најпродавани производи, а ми се допаѓа што го претвораат секојдневното грижeње за себе во нешто слатко и едноставно“, изјави Кортни Кардашијан.
Кардашијан повторно е меѓу првите што го наметнуваат трендот на „додатоци во форма на лижавчиња“, откако минатата година го започна со „Леми Глоу“. Денес, таа е водечка во оваа категорија заедно со брендови кои нудат лижавчиња со пептиди и растителни екстракти.
Покрај тоа, вакви додатоци веќе се појавуваат и за деца – како „Фокус Бадис Лоли Попс“ за мозочно здравје, „Мултиз секојдневни мултивитамински лижавчиња“ и „Јум Ерт Витамин Ц лижавчиња“.


