„Липо“ искуство на Весна Антиќ за совршена линија и детоксикација: Еден конфекциски број помалку за само две недели!

Фото: Промо

Весна за многу краток период „стопила“ пет килограми, успеала да намали во обем 7 сантиметри во струкот и по 5 сантиметри на колковите што претставува еден конфекциски број помалку за само две недели.

Весна Антиќ е вториот добитник на Липо-подарок. Чувството на надуеност и потреба од детоксикација ја натерале да ја проба програмата на липосукциска исхрана.

„По долго време слушање позитивни коментари од мои блиски пријатели што веќе го имаат поминато Липо-третманот, учествував во наградната игра за Липо-подарок, односно „Гивавеј“. Иако немав некој голем проблем со вишокот килограми, потребата за детокс на мојот организам си ја земаше својата цена“, ни објаснува Весна.

Што Ве натера да учествувате во наградната игра Липо-подарок?

– За протоколот на липосукциска исхрана знам одамна, од мои познајници што го консумирале и имаат позитивни искуства. Кога ја видов објавата за „Гивавеј“, се одлучив да учествувам, очекувањата дека токму јас ќе бидам избрана беа многу мали, но, ете, ми се насмевна среќата. Мојата работа бара поголема физичка активност и работа во смени, кои ми предизвикуваат проблем во исхраната.

Беше ли тешко да се издржи? Што Ве мотивираше?

– Липо-третманот почнав да го применувам веднаш, по самото извлекување на наградната игра, кон крајот на јули, кога температурите беа доста високи и искрено можам да кажам дека тоа ми помогна потоа да го поминам целиот процес иако имаше денови кога три „Липо“ ќесички ми беа премногу. Во мојот случај вишокот килограми не претставуваа толку голем проблем, туку потребата за детокс и прочистување на организмот, ми беше примарна цел.

Колкав период бевте на овој тип исхрана и колку килограми успеавте да намалите?

– На Липо-третман бев 4 недели, 2 недели третман со Липо-ќесички и 2 недели во кои ми беше препишана исхрана што и ден-денес ја применувам бидејќи се чувствувам доволно сито, а воедно се хранам разновидно и здраво. „Симнав“ пет килограми, односно 7% од вкупната телесна тежина. Успеав да намалам во обем 7 сантиметри во струкот и по 5 сантиметри на колковите што претставува еден конфекциски број помалку за само 2 недели.

Како изгледаше еден Ваш ден кога бевте на липосукциската исхрана?

– Денот ми почнуваше со чаша млака вода со еден цеден лимон, потоа следуваше пиењето на првата Липо-ќесичка и две таблети „Липо-Бета“. Во зависност од денот, по 4 до 5 часа следуваше и втората Липо-ќесичка, па по исто толку време и третата. Иако имаше денови кога се чувствував сито и со две Липо-ќесички, краставиците што може да се јадат во неограничена количина ми претставуваа добар „снек“ и освежување во текот на денот. За вечера, се разбира, како што е препорачано – парче месо и зелен зеленчук.

Кому би ја препорачале липосукциската исхрана?

– Липосукциската исхрана би ја препорачала секому. Без разлика дали имате вишок килограми или не, бидејќи тие не претставуваат секогаш најголем непријател на нашиот организам. Со липосукциската исхрана можете да си помогнете во многу други процеси што му штетат на организмот, како прејадување, киселини предизвикани од лоша исхрана, неправилна исхрана. Во мојот случај третманот ми овозможи убав детокс и прочистување, а тоа му треба на секој од нас најмалку еднаш годишно.

Закажете ја вашата бесплатна консултација во „Липо диет“ центарот на „Интернешнал хелт“ Македонија (на улица „Димитрие Чуповски“ бр. 22) или јавете се на телефоните 02 3151714 и 070 535 033.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот