Силни пожари во Алжир/ Фото: Twitter/ @LemaMoula

Линчуван човек обвинет за подметнување шумски пожари во Алжир

Обвинителството во Алжир започна истрага за смртта на маж кој бил линчуван од поголема толпа луѓе откако бил обвинет за подметнување шумски пожар, пренесува алжирската новинска агенција АПС.

Истрагата е започната врз основа на видео снимка која го прикажува убиството на 38-годишниот Бен Исмаил во градот Ларба Нат Иратен во провинцијата Тизи Узу, каде што шумските пожари предизвикаа најголема штета и загинаа голем број луѓе.

Разулавената толпа првин ја нападнала станицата каде што бил приведен Бен Исмаили, го извлекле надвор и го претепале по што жив го запалиле.

„Полициски службеници кои се обидувале да и помогнат на жртвата исто така биле сериозно повредени “, се вели во соопштението на локалните власти.

Амнести Интернешнл ги повика алжирските власти да го расветлат злосторството што е можно поскоро за да испратат „јасна порака дека насилството нема да остане неказнето“.

Во шумските пожари во Алжир, кои не стивнуваат со денови, досега загинаа 69 лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот