Лина Ѓорческа во четвртфиналето на турнирот во Ираклион

фото: mtftennis.mk

Денеска најдобрата македонска тенисерка славеше нов триумф на фјучрсот кој се одржува во Ираклион, Грција.

Лина Ѓорческа (187. ВТА) во осминафиналето ја елиминираше Италијанката Софија Рокети со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 6:1.

Во четвртфиналната фаза Ѓорческа, која е четврта носителка на турнирот, ќе игра против Сиња Краус од Австрија.

Атријката Краус, која е 224 на ВТА листата, ја совлада Селена Јаницијевиќ од Франција со 6:2 и 6:3.

Турнирот што се игра во Ираклион на Крит е со награден фонд од 40.000 долари и се игра на земјена подлога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот