Лига Европа: Адеми и Ристовски за полуфинале против Виљареал

Фото: EPA-EFE/PIETER STAN DE JONGE

Денеска со жрепка во Нион ги дознавме и четвртфиналните парови во фудбалската Лига Европа, Динамо Загреб на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски добија противник од Шпанија.

После вчерашната сензација која ја приреди хрватскиот клуб елиминирајќи го Тотенхем, ќе се обиде да ја продолжи европската бајка преку Виљареал, следниот ривал на „модрите“ во натпреварувањето.

Манчестер јунајтед моментно како еден од најголемите фаворити за освојување на трофејот оваа сезона, ќе ги одмери силите против шпанската Гранада.

Англија има уште еден претставник, Арсенал ќе се соочи со уште едно големо изненадување во ЛЕ, чешката Славија Прага. А најинтересно можеби се очекува да биде на пресметката помеѓу холандскиот Ајакс и италијанската Рома.

Лига Европа
Сезона 2020/2021

Четвртфинале, двојки –

Гранада – Манчестер јунајтед
Арсенал – Славија Прага
Ајакс – Рома
Динамо Загреб – Виљареал

Првите натпревари од четвртфиналната фаза ќе се одиграат на 8 април, а реванш средбите една недела подоцна.

Во полуфиналето (29 април и 6 мај 2021 година) Динамо Загреб доколку го елиминира Виљареал ќе игра против подобриот од двомечот Арсенал – Славија Прага.

Големото финале годинава во Лига Европа ќе се одржи на 26 мај во Гдањск Арената во Полска.

ЛШ: Баерн го доби ПСЖ, а Реал ќе игра против Ливерпул

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот