Лидерот на опозицијата во Венецуела е пуштен на слобода, беше во притвор скоро девет месеци
Водачот на венецуелската опозиција, Хуан Пабло Гуанипа, денеска беше ослободен од притвор откако таму помина речиси девет месеци, објави самиот тој во видеопорака на социјалните мрежи, пренесува „Ал Џазира“.
Препорачано
Гуанипа е еден од најблиските соработници на опозиционерката и добитничка на Нобеловата награда за мир лани, Марија Корина Мачадо, беше држен во затвор во главниот град Каракас, а ослободувањето доаѓа еден месец откако САД извршија брза воена интервенција во Венецуела, ги уапсија довчерашниот претседател Николас Мачадо и неговата сопруга и ги одведоа во Америка, каде ќе им се суди.
„Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела, секогаш со вистината на прво место“, рече Гуанипа во видеообраќањето.
Тој беше уапсен кон крајот на мај лани, а министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабело го обвини за учество во наводна „терористичка група“ која планирала да ги бојкотира тогашните избори.
Братот на Гуанипа, Томас, ги негираше обвиненијата и рече дека апсењето всушност имало за цел да се смири несогласувањето и критиките кон владата.
Се зголемува притисокот врз владата на вршителот на должноста претседател Делси Родригез да ги ослободи сите оние кои се затворени со месеци или години поради нивните политички убедувања, според нивните семејства и невладини организации.
Родригез ја презеде функцијата откако САД го соборија претседателот Николас Мадуро минатиот месец.
Нејзината влада минатиот месец објави дека ќе ослободи значителен број затвореници – централно барање на опозицијата и групите за човекови права, со поддршка од САД. Но, семејствата и активистите за човекови права ги критикуваа властите за бавното темпо на ослободување.
Агенти на ЦИА ќе управуваат со Венецуела по Мадуро, протекоа тајни документи


