Лидерот на грчката неонацистичка „Златна Зора“ ќе биде пуштен од затвор – рекол дека е болен
Лидерот на „Златна Зора“, кој во 2020 година беше осуден на 13,5 години затвор, ќе остане во домашен притвор во неговиот дом во Атина и ќе мора да се јавува во локалната полициска станица секој месец во следните три години.
Затворениот лидер на неонацистичката група „Златна зора“, Никос Михалолијакос, ќе биде пуштен од затвор по одлука на судскиот совет при Прекршочниот суд во Ламија, објави „Екатимерини“.
Препорачано
Според информациите, 67-годишниот Михалолијакос во своето барање за ослободување навел здравствени причини.
Лидерот на „Златна Зора“, кој во 2020 година беше осуден на 13,5 години затвор, ќе остане во домашен притвор во неговиот дом во северното атинско предградие Пефки и ќе мора да се јавува во локалната полициска станица секој месец во следните три години.
Одлуката доаѓа повеќе од една година по неговото краткотрајно ослободување во мај 2024 година, што беше укинато веќе следниот месец. Тогаш тој беше вратен во затвор бидејќи продолжи да ги велича и поддржува практиките инспирирани од нацизмот, кои ги прифаќаше најтврдокорното крило на партијата.
Овие практики резултираа со бруталното убиство на антифашистичкиот рапер Павлос Фисас во 2013 година и со други кривични дела.


