Лидерите на Западен Балкан денеска ќе одржат неформален состанок во Тирана

Димитар Ковачевски, Александар Вучиќ и Еди Рама на самитот ЕУ - Западен Балкан / 23 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Во Тирана денеска ќе се одржи неформален состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан, во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи на 16 октомври во албанскиот главен град.

На состанокот најавено е присуство и на комесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји.

Средбата ќе се одржи в понеделник напладне околу 12 часот во владината вила 30. До денес единствено не е потврдено присуството на косовскиот премиер Албин Курти, јави АБЦ њуз во неделата.

Рама го најави овој состанок за време на неодамнешната дводневна балканска турнеја, во чии рамки ги посети Скопје, Приштина, Подгорица, Сараево и Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот