Левица бара субвенции за контрацепција за жртвите од семејно и сексуално насилство

Антифашистичкиот фронт на жените при Левица (АФЖ) сподели сведоштво од жена која, поради семејно и сексуално насилство, била принудена да користи евтина контрацептивна спирала, што довело до сериозни здравствени компликации и итна операција. Таа порачува дека многу жени жртви немаат финансиски можности за поквалитетни медицински средства и апелира државата да ги субвенционира.

„Со тоа што ставив евтина спирала, почнав да отекувам… Спиралата ја ставив поради тоа што физичкото насилство беше пропратено со сексуално насилство… Спиралата ја ставив пред 4 – 5 години, за пред некој ден да видам дека прснала, сè околу неа загноило и целата сум отечена. Од сето тоа се соочив со сериозни последици и морав итно да одам на операција“, ова е сведоштво на жртва на семејно насилство што на почетокот на т.н. 16 дена активизам, им го доверила на жените од АФЖ Левица.

Жртвата нагласува дека поддршка добила главно од организации и од АФЖ – Левица, како и од пратеничката Јована Мојсоска, но не и од институциите.

Од АФЖ велат дека целосно застануваат зад иницијативата државата да обезбеди пристап до безбедни и квалитетни контрацептивни средства за жените жртви, како дел од пошироката борба за нивните права.

Кампањата на АФЖ за 16-те дена активизам се одвива под слоганот: „Не трпи! Не молчи! Едуцирај се, охрабри се! Делувај!“.

Од организацијата велат дека работат на подигање на свеста, споделување сведоштва и онлајн едукација поврзана со Истанбулската конвенција.
АФЖ потсетува дека насилството врз жените во земјава расте и дека е неопходна институционална реакција. Од таму упатуваат апел: „Стоп за насилството!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот