Летна акција за собирање кабаст отпад и градежен шут

Општина Бутел во соработка со ЈП „Дрисла“ на 8 и 9 август ќе организира акција за собирање на кабаст отпад и градежен шут. Граѓаните во текот на акцијата ќе можат бесплатно да се ослободат од стариот мебел, неупотребливите електрични апарати, скршени санитарии, електронски отпад, градежен шут и друго.

Кабастиот отпад треба да се однесе на четири локации на територијата на општината од каде ќе биде собран и тоа во Радишани на средината на улица „Радишанска“ помеѓу првиот и вториот влез, во Бутел 1, кај трафостаницата спроти црквата „Св. Јован“, на улица „Бетовенова“ кај контејнерите и во Скопје Север, зад гимназијата „Зеф Љуш Марку“.

Од Општината апелираат граѓаните да ја искористат оваа летна акција и во наредниот период се до 8 и 9 август да го одложуваат кабастиот отпад и градежен шут на посочените локации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот