„Летечкиот“ Македонец Стефановски брка подиум: Време е за Имола!

Фото: facebook.com/IgorIdzeStefanovski

Македонскиот автомобилист е подготвен за новиот предизвик во Италија, на легендарната патека во Имола.

Игор Стефановски – Иџе ќе настапува во претстојниот викенд од 23 до 25 јули надевајќи се на добар резултат.

Минатиот месец „Летечкиот“ Македонец не успеа да ја заврши втората трка во ТЦР шампионатот на Италија на патеката „Валелунга“. Претходно во првата трка успеа да дојде до шестата позиција.

Моментно во генералниот пласман нашиот натпреварувач се наоѓа на шестата позиција со 77 бодови, лидер е Италијанецот Ерик Брилјадори со 205 бодови, пред Финецот Анти Бури (198).

Во 2019 година Стефановски имаше убави моменти токму на легендарната патека „Имола“ каде што двапати се искачи на подиумот освојувајќи го второто и третото место на двете трки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот