Фото: Инстаграм/katyaklema

ФОТО | Леопард принтот се врати посилен од кога било – ова се парчињата кои ќе ги посакате веднаш

Леопард принтот никогаш навистина не исчезнува, само се повлекува на кратко, а потоа се враќа посилен, самоуверен и поприсутен од порано. Оваа сезона повторно ги освојува уличниот стил,  Инстаграм и колекциите на брендови, но во поносиво и поелегантно издание.

Она што е интересно е дека леопардот повеќе не е резервиран само за еден изглед. Сега го гледаме на јакни, панталони, здолништа, џемпери, па дури и на чевли и чанти. Токму таа разновидност го прави полесен за комбинирање од кога било.

Фото: Инстаграм/zara_mcdermott

Јакна или капут во леопард принт може целосно да ја трансформира едноставната комбинација составена од црни фармерки и бела маица. Панталоните со овој детал делуваат храбро, но со неутрален топ изгледаат балансирано.

Долгите здолништа се особено благодарни, затоа што спојуваат женственост и доза карактер без претераност.

Фото: Инстаграм/kakurina.alena

Ако не сте спремни за целосен изглед, тука се џемперите со дискретен узорок или чевлите кои додаваат суптилен, но ефектен завршеток на комбинацијата.

Леопард принтот најдобро функционира со црна, беж, кафеава и црвена, но не се плашете ни од монохроматски комбинации каде токму узорокот е главната точка на интерес.

Фото: Инстаграм/hannaschonberg

Она што го прави овој тренд посебен е неговата енергија. Леопардот не е „сигурен“ избор, тој е став, а оваа сезона се носи опуштено, без премногу правила и без потреба од објаснување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот