Лекарите запрепастени, досега вакво нешто не виделе: Болничарка од Куманово прележала корона, сега пак е позитивна!

Медицински работници од кумановската болница кои го прележале коронавирусот и добиле два негативни теста, повторно се инфицирале и добиле позитивен брис, иако мислеле дека вирусот е зад нив, дознава „Слободен печат“ од свои доброупатени извори во болницата.

Во еден од случаите, станува збор за болничарка која водена од хуманоста отишла да донира крвна плазма за да му помогне на друг човек да се излекува и при стандардните рутински проверки кои му се прават на секој излекуван пациент, дознала дека всушност во моментот е носител на вирусот и дека не може да донира. Оваа информација била шокирачка за сите, си помислиле да не е грешка, но набрзо се појавил уште еден ист случај.

Директорката на Општата болница Куманово, доктор Снежана Захариева, инаку специјалист анестезиолог, за „Слободен печат“ ја потврди информацијата и истакна дека самиот вирус за сите е непознаница, дека клиничките слики и интензитетот на сериозноста на случаите варира и дека единственото правило е дека нема правила.

Прочитајте и...  Еболата се шири во Конго, досега потврдени 50 смртни случаи

– Не можам да негирам. И јас бев изненадена. Жената беше меѓу првите заразена, уште во времето кога почина првата пациентка од Ковид-19 во нашата болница. Се работи за болничарка од оддел за очни болести. Таа тогаш беше на инфективното одделение на испомош. Уште во првиот бран беше позитивна. Дома се лекуваше, примаше терапија, не може да се каже дека беше асимптоматска. И сега, на прашање што чувствува, рече дека чувствува блага малаксаност. Има и коморбидитети. Ова се откри при случајна проверка дека е повторно позитивна. А имаме и уште еден случај, станува збор за медицинска сестра на хирургија која беше асимптоматска и на 2 април беше позитивна. После се негативизираше, доби два негативни теста, појде на работа. И почна да развива симптоми, ја тргнавме од работа, лабораторијата беше чудна, како за ковид. И се направи повторно брис и излезе пак позитивна. Имаме два вакви случаи. Не еден. За каков колективен имунитет зборуваме? Мислевме да не е грешка, но кога се појави и вториот случај сфативме дека не е грешка. Болничарката отишла да дава плазма и видела дека е повторно позитивна – вели доктор Захариева.

Прочитајте и...  Ако одите по лична карта носете си гел, влажни марамчиња, маска

Запрашана дали при повторната инфекција на двете пациентки состојбата им е полоша од првиот пат, или пак се со полесна клиничка слика, Захариева рече дека и за тоа нема правило. Медицинскиот работник што во март бил позитивен и немал симптоми сега, при второто инфицирање има бронхопневмонија.

– Кај таа пак, што имаше симптоми првиот пат, сега е многу блага клиничката слика. Нема правила. Триесет и една година работам како доктор, вакво нешто немам видено. Јас и свинскиот грип го поминав, ама тогаш сите имаа симптоми, се знаеше дека некој е болен, значи кашла, кива, сите беа со имунолошки дефицит. Но, со ковид нема правила. Има асимптоматски носители, има и со многу лоши симтоми, буквално зборува со тебе, за еден час го снемува и починува. До сега вакво нешто немам видено – додава директорката.

Прочитајте и...  Андоновиќ: Протести во Бугарија и во Србија - полициска бруталност и незадоволство или политичка инструираност? (ВИДЕО)

Захариева посочува дека со овој вирус ќе живееме подолго време и мора да се прилагодиме, но дека тоа е тешко, особено после двата нови случаи на реинфекција кои покажуваат дека за вирусот има многу непознаници.

– Добро е што не сум постапила така што на испомош не сум ги праќала тие што прележале, рече директорката.

Според последната кумулативна статистика на Институтот за јавно здравје од 21 јуни, регистрирани се 464 случаи на заболување од ковид меѓу здравствените работници. Според исходот од заболувањето оздравени на тој датум биле 261 од здравствените работници, кои биле испишани од болница или имале два негативни резултати по домашното лекување.

Прочитај повеќе

Шилегов: Клинички центар сега е комплекс со најсовремена инфрастуктура (ФОТО)

Слободен печат

Во Индонезија заразени со Ковид-19 речиси истовремено 54 новинари

Слободен печат

Повторно тепачка во тајванскиот парламент: Пратениците корнеа столчиња и фрлаа шишиња (ВИДЕО)

Слободен печат

Каде треба да гласате- Проверете дали е променето избирачкото место

Слободен печат

Зголемен број случаи на Ковид-19 во Грција

МИА Агенција

Д-р Жан Митрев: Кај некои пациенти кај кои ситуацијата е многу влошена, незнам длаи воопшто може да се помогне

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Судот ја отфрли спогодбата за жртвите на силувачот Харви Вајнстајн

Слободен печат

Три лица заразени со Ковид-19 во Кичево, 70 активни случаи

Слободен печат

Грција на пензионерите незаконски им ги намалувала пензиите

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Слободен печат

Американските војници се повлекоа од пет бази во Авганистан

Слободен печат

На Денот на Бастилја судири во Париз: Белите мантили и жолтите елеци контра полицијата (ФОТО+ВИДЕО)

МИА Агенција