Легендарната Навратилова го победи ракот: Мислев дека нема да го дочекам следниот Божиќ

Фото: EPA-EFE/Barbara Walton

Легендарната тенисерка, Мартина Навратилова откри дека го победила ракот откако поради дијагнозата карцином на грлото, стравуваше дека „можеби нема да го дочека следниот Божиќ“.

Една од најголемиот светски тенисерки и и поранешна број еден во женскиот тенис во интервјуто за Пирс Морган изјави дека пред неа се уште е превентивно лекување, но дека според последните информации ракот повеќе го нема.

„На памет ми паднаа многу работи кои сакав да ги направам. Си помислив, ова е прва недела од декември и овој Божиќ ќе го дочекам, но можеби не и следниот. За среќа се помина добро, колку што знам сега немам повеќе рак“, изјави Навратилова.

Навратилова која денес има 66 години е освојувачка на 59 грем-слем титули во сингл и парови.

Легендарната тенисерка Навратилова боледува од рак на дојка и грло

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот