Легендарен тенисер го нападна Ѓоковиќ: Има 500 милиони долари и игра финале под стрес?

Нова неправда кон првиот светски рекет,Новак Ѓоковиќ/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Никола Пјетранџели, најдобриот италијански тенисер на сите времиња и човекот по кој се вика тенискиот стадион во Рим зборуваше за тенисот некогаш и сега.

Италијанецот не може да ја сфати големината на наградите денес во однос на оние од минатото.

– Сакав да играм тенис и станав добар играч. Кон крајот на 50-те и почетокот на 60-те години, освоив 44 турнири, од кои четири беа на „Ролан Гарос“ – по две титули во сингл и во двојки. Најдобрите играчи од тоа време ме почитуваа, сите бевме пријатели. Игравме и се забавувавме, беше еден пријателски и љубезен тенис. Излегувавме на теренот да ја забавуваме публиката. Денес, играчите не се грижат за публиката, тие само размислуваат за парите. Секоја топка вреди неколку илјади долари. Со наградите што ги добив кога го освоив Ролан Гарос, не можев да купам ниту мал стан – рече Пјетранџели.

Потоа се осврна на заработката на моментно првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, како и на тоа кој е најдобар тенисер за него на сите времиња.

– Денес, тенисерите добиваат два и пол милиони долари за освојување на Грен слемот. За овој податок се лутам. Ѓоковиќ, на пример, има 500 милиони долари во банка и и игра финале под стрес? Дали се шегуваме? Моменталната ситуација е дека тенисот е игра на нерви за милијардерите. Играчите станаа „воени машини“. Од што се тие под стрес – од броењето пари? Кога слушам дека се депресивни, се нервирам. Најдобар од „Големата тројка“ за мене е Рожер Федерер, тој е од друга планета – вели италијанската тениска легенда.

Циципас со скандалозна изјава поради паузите за тоалет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот