Фото: EPA/DEAN LEWINS

Легенда на Манчестер Јунајтед може да биде нов тренер на Миовски во Абердин?

Неодамна тренерот на Абердин каде што настапуба Бојан Миовски, Џим Гудвин заработи отказ по поразот од Хиберниан со 6:0, а сега шкотскиот клуб е во потрага по нов стратег.

Како една од опциите за наследник на Гудвин се споменува легендата на Манчестер Јунајтед Двајт Јорк. Јорк неодамна замина од австралиската А-лига каде што беше тренер на тимот на МекАртур.

Наводно, Јорк покажал интерес да седне на клупата на Абердин. Дел од медиумите пишуваат и дека разговарал со Сер Алекс Фергусон со кого е во одличен однос. Абердин од друга страна не сака да брза и внимателно го бара наследникот на Гудвин.

Миовски под водство на Гудвин играше одличен фудбал и на 24 натпревари во шкотската Премиер лигата постигна 12 гола. Навивачите очекуваат добрите настапи на македонскиот репрезентативец да продолжат и со новиот стратег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот