Легенда на Јунајтед неславно го заврши првиот селекторски ангажман – си заминал затоа што сакале да му ја намалат платата
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и освојувач на европската титула во 1999 година, Двајт Јорк, повеќе не е селектор на репрезентацијата на Тринидад и Тобаго, со што заврши неговиот прв тренерски ангажман во кариерата.
Препорачано
Јорк ја презеде националната селекција пред околу 17 месеци со цел да обезбеди пласман на Светското првенство. Задачата на прв поглед изгледаше полесна, особено поради проширувањето на бројот на учесници, а дополнително квалификациите беа олеснети и со фактот што домаќините на турнирот, Мексико, САД и Канада не настапуваат во квалификацискиот циклус.
Сепак, селекцијата на Тринидад и Тобаго не успеа да стигне до посакуваниот пласман. Клучен се покажа натпреварот против Јамајка во ноември, кој заврши без победник и практично ги згасна надежите за настап на Мундијалот.
По неуспехот, Јорк добил понуда да остане на селекторската позиција, но со намалена плата. Легендарниот напаѓач ја одбил таа опција и решил да ја напушти функцијата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
6час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


