Леброн го делат само девет поени од нова историја во НБА лигата

Фото: Los Angeles Lakers

Eден од најдобрите кошаркари на сите времиња Леброн Џејмс веќе е најдобар стрелец во историјата на НБА лигата, а сега е на чекор да ја пробие границата од 40.000 поени во најсилната кошаркарска лига.

Леброн до ова големо достигнување има прилика да стигне веќе во следниот натпревар кога Лејкерс ќе играат против Денвер на Никола Јокиќ.

Во овој момент „кралот“ е на 39.991 поен, па така му недостасуваат само уште девет. Леброн игра во добра форма и на последниот натпревар во победата на Лејкерс против Вашингтон (134:131) постигна 27 поени и додаде девет скока. Поентерски најрасположен беше Ентони Дејвис кој уфрли 38 поени.

ВИДЕО | Tрипл-дабл серијата на Јокиќ заврши, но Денвер дојде до петтата победа во низа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот