ВИДЕО | Tрипл-дабл серијата на Јокиќ заврши, но Денвер дојде до петтата победа во низа

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Тимот на Денвер дојде до петтата победа во низа по Ол-стар викендот откако изминатата вечер славеше над Мајами со 103:97.

Во овој натпревар заврши серијата од четири последователни натпревари на Јокиќ во кои запишуваше трипл-дабл, сепак најважно е што актуелниот шампион продолжи да победува. Денвер скоро во текот на целиот натпревар имаше контрола над резултатот, меѓутоа победникот се решаваше во последните секунди.

Натпреварот српскиот интернационалец го заврши со дабл-дабл од 18 поени, 11 скока и седум асистенции. Најрасположен кај победничкиот тим беше Портер кој исто така дојде до дабл-дабл со 30 поени и 11 скока. На спротивната страна 22 поени постигна Бем Адебајо.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Милвоки 99-111

Орландо – Јута 115-107

Бруклин – Атланта 124-97

Њујорк – Голден Стејт 99-110

Сан Антонио – Оклахома 132-118

Феникс – Хјустон 110-105

Денвер – Мајами 103-97

ЛА Лејкерс – Вашингтон 134-131

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот