Ле Пен незадоволна од подигањето на знамето на ЕУ во Париз
Претседателката на ултрадесничарската француска партија Национална алијанса (РН) Марин Ле Пен денеска протестираше против подигањето на знамето на Европската унија на Ајфеловата кула како дел од почетокот на шестмесечното претседателство на Франција со ЕУ.
Препорачано
Други политичари од францускиот десничарски политички спектар ѝ се придружија на Ле Пен, која според анкетите е главниот ривал на претседателот Емануел Макрон на пролетните претседателски избори, лути поради знамето на ЕУ што се вее на националниот споменик, објави Ројтерс.
„Украсувањето на Ајфеловата кјла со бојата на Европската Унија, без државно знаме, е напад на идентитетот на нашата нација, бидејќи овој споменик е поставен во чест на нашите воени победи и таму се наоѓа гробот на непознатиот војник. “, се вели во соопштението на Ле Пен.
Немаше коментари од поддржувачите и сојузниците на претседателот Макрон, откако Ле Пен беше обвинета дека издала „директна наредба“ за истакнување на знамето на ЕУ на Триумфалната капија.
Државниот секретар во Министерството за европски прашања Клемен Бон изјави дека знамето на ЕУ привремено ќе биде и на Триумфалната капија.
Француското знаме не е заменето.
ФОТО| На полноќ Ајфеловата кула засвети во сино: Франција го презеде претседавањето со ЕУ


