ФОТО| На полноќ Ајфеловата кула засвети во сино: Франција го презеде претседавањето со ЕУ

Франција го презема претседавањето со ЕУ/Фото; EPA-EFE/IAN LANGSDON

Франција од денеска го презема ротирачкото претседавање со Советот на Европската унија. Тоа се случува во време на голем број предизвици со кои се соочува Париз: од ширењето на Омикрон до распоредување руски војници на границата со Украина. Сепак, претседавањето е шанса и за актуелниот француски претседател Емануел Макрон да направи доволно публицитет за да се кандидира за реизбор.

– Ова претседателство му нуди добредојдена платформа за да ги истакне неговите европски достигнувања, да се издвои од некои од неговите конкуренти и да претстави нови барања и нови идеи, изјави Клер Домесме, истражувач во француско-германскиот центар Марк-Блох во Берлин.

Франција го презема претседавањето со ЕУ/ Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Франција го презема претседавањето од Словенија. Шест месеци ќе претседава со Советот на ЕУ, застапувајќи ги интересите на 27-те земји-членки пред Европската комисија и Европскиот парламент.

Извор: МИА

Видео на денот