Ле Дриан: Нормандискиот формат може да биде клучот за решавање на украинската криза

Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дријан/ Фото: МИА

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска изјави дека Париз не го отфрла нормандискиот формат за решавање на украинската криза и дека тој се уште постои.

Според него, „овој формат е важен за промовирање на мирно решение” на украинската криза, пренесе ТАСС.

– Просторот за дискусија треба да остане отворен, рече Ле Дриан на прес-конференција во Берлин.

Кога е склучен нормандискиот формат?

Првите преговори на Нормандиската четворка (Русија, Германија, Франција и Украина) се одржаа во Франција во јуни 2014 година на маргините на 70-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија. Тогаш по првпат се сретнаа германската канцеларка Ангела Меркел и претседателите на Русија, Франција и Украина, Владимир Путин, Франсоа Оланд и Петро Порошенко за да најдат решение за конфликтот во Донбас. Оттогаш се одржани пет самити. Последниот самит се одржа во Париз на 9 декември 2019 година.

Украина во повеќе наврати апелира да се одржи самит во нормандиски стил.

– Принципите се формирани во Договорот од Минск, а патот до нив е низ нормандискиот формат, рече шефот на француската дипломатија, нагласувајќи дека таквата платформа е неопходна за дијалог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот