ЛДП: Предлог-законот за платни системи предвидува значително намалување или укинување на банкарските трошоци и провизии
Граѓаните кои секојдневно ги користат услугите на банките, сведоци се на високите трошоци и провизии како на пример за одобрување кредити, одржување на сметки, провизиите за проверка на трансакциска сметка, па дури и повлекувањето пари од друга банка, доколку е различна од банката депонент на граѓаните. Со предлог-законот за платни системи предвидено е значително намалување или укинување на банкарските трошоци и провизии, велат од посочуваат од Либерално демократската партија.
Препорачано
Предлог-законот поднесен од ЛДП, Левица и ДОМ се разгледува во рамки на 120. седница во Собранието.
Секој од нас како пратеник е свесен дека иако овие прашања се дел од интерната политика на банките, сепак потребно е законска регулираност бидејќи станува збор за остварување на огромен профит. Кога ќе ги погледнеме неверојатните профитни маржи во банкарскиот сектор, што беше особено очигледно за време на ковид пандемијата, јасно е дека овие институции тоа го прават и на товар на граѓаните – се наведува во соопштението.
Со предложениот закон, од ЛДП додаваат дека не се обезбедува само финансиска праведност, туку и поправедно и урамнотежено општество во целост.
Во нашиот стремеж за правична финансиска иднина за сите граѓани, ги повикуваме и останатите пратеници и партии да ја дадат својата поддршка на овој предлог-закон, порачаа од ЛДП.


