фото: facebook.com/rkvardar

Лазаревски: Вардар е најдобар тим во Македонија и тоа ќе го потврди со двојна круна

Ракометарите на Вардар вечерва славеа во финалето против Охрид со 24-23, а по освоениот трофеј задоволството не го криеше Милан Лазаревски.

Лазаревски не заборави и да им честита на своие соиграчи.

„Многу тежок натпревар, вакви се сите дерби дуели кои ги игравме сезонава. Секоја чест за моите соиграчи, бевме извонредни денеска, но честитки и до Охрид, сериозен нов проект, со сериозни вложувања и сериозни амбиции. Ништо од она што го одигра Охрид не беше нешто невообичаено, непредвидено. Едноставно, мислам дека нивниот голман немаше свој ден и тоа беше причината за нашата победа. Во други услови, мислам дека ќе беше уште поубедливо за нас, но секако станува збор за квалитетен противник. Вардар е најквалитетна екипа во Македонија и тоа ќе го потврдиме со двојната круна оваа сезона. Чест ми е што сум дел од овој тим“, изјави пикерот на Вардар.

За Вардар овој трофеј беше вкупно 18-ти во купот, а до крајот на сезоната се и на добар пат да се радуваат во првенството.

Спартак немаше сили за нова сензација, ракометарките на Ѓорче Петров го одбранија трофејот во купот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот