Лавров за „Би-би-си“: Русија не е целосно чиста, ама не се срамиме да покажеме кои сме

Фото: BBC/printscreen

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во Москва даде едно од своите ретки интервјуа за западни медиуми од почетокот на војната во Украина, за британскиот јавен сервис „Би-би-си“, во кое ја бранеше агресијата врз соседната земја и изнесе обвинувања кон Велика Британија.

„Русија не е целосно чиста, но Русија е она што е. И ние не се срамиме да покажеме кои сме. Не ја нападнавме Украина, објавивме специјална операција бидејќи немавме апсолутно никаков друг начин да му објасниме на Западот дека вовлекувањето на Украина во НАТО е криминален чин“, рече тој за причините за нападот врз Украина.

Лавров ги повтори официјалните ставови на Кремљ дека во Украина има „нацисти“, а на прашањето околу сведоштвата и доказите за воени злосторства извршени од руската војска, одговори со обвинување дека западните институции, вклучително и органи на Обединетите нации, помагаат во ширењето „лажни вести“.

Двајцата британски доброволци заробени и осудени на смрт од проруските сепаратисти во Украина, Лавров ги нарече „платеници“, а на реакцијата на новинарот дека тие не се платеници, туку се бореле за редовната украинска војска, шефот на руската дипломатија рече дека тоа допрва треба да го утврди судот, а тој е „целосно уверен“ дека во регионите под контрола на проруските сили има независни судови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот