Лавров: Постои реална опасност Украина да добие нуклеарно оружје
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на состанокот во Женева изјави дека Киев се обидува да добие нуклеарно оружје, нарекувајќи го тоа реална опасност што треба да ја спречи, пишува Ројтерс.
Препорачано
„Украина сè уште има советски технологии и средства за испорака на такво оружје“, рече Сергеј Лавов на Конференцијата за разоружување со седиште во Женева во претходно снимено обраќање. „Не можеме да не одговориме на оваа реална опасност“, рече тој.
На истиот состанок, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба ја обвини Русија за воени злосторства преку гранатирањето на неговата земја и повика на специјален состанок за решавање на руската агресија и оружјето за масовно уништување.
Западот не смее воено да присуствува во поранешните земји на Советскиот Сојуз
Министерот Лавров на состанокот додаде дека Западот не смее да гради воени објекти во ниту една земја од поранешниот Советски Сојуз.
Лавров, цитиран од руските новински агенции РИА и ТАСС, исто така рече дека Москва смета дека е неприфатливо некои европски земји да бидат домаќини на американско нуклеарно оружје и дека презема мерки за да ја спречи Украина да набави слично оружје.


