Лавови во зоолошка убиле маж кој се обидел да им ги украде малите лавчиња

Бели лавови/ Фото EPA/MARTIN DIVISEK

Лавови во една зоолошка градина во африканската земја Гана убиле човек откако тој се обидел да влезе во зоолошката, прекачувајќи се преку оградата, обидувајќи се да ги украде ретките бели лавчиња, пренесува Би-Би-Си. Настанот се случил во главниот град Акра.

Според полицијата, мажот бил возрасен, а неговото тело го извлекле вработените во зоолошката градина.

Од зоолошката велат дека тој можеби планирал да украде две малечки бели лавчиња, кои се едни од најретките во Африка. Од нивното раѓање минатиот ноември, овие лавчиња станаа голема забава за жителите.

Зоолошката градина Акра е привремено затворена за јавноста по инцидентот што остави многумина во Гана шокирани.

Полицијата отвори истрага за да ги утврди мотивите на натрапникот и околностите околу нападот.

Лав, лавица и нивните две бели младенчиња биле во заградениот простор кога се случил инцидентот.

„Лавовите имаат младенчиња, па ако се приближите премногу, можеби ќе почувствуваат дека се обидувате да им ги одземете бебињата“, велат од зоолошката.

Натрапникот се качил на ограда од 10 метри пред да се искачи преку друга 20 метри за да влезе во заградата на лавовите, велат властите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот