Лајан до Унгарија и Полска: Сомнежите за владеењето на правото решете ги пред Судот на ЕУ

epa08291927 European Commission President Ursula Von Der Leyen gives a press conference on the economic response to the Coronavirus crisis at the European Commission in Brussels, Belgium, 13 March 2020. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајан изјави дека Унгарија и Полска наместо да го блокираат големиот финансиски пакет за санација на последиците од пандемијата со Ковид-19, да се обратат до Судот на Европска Унија.

– Ако се сомневате, постои јасен пат: Одете на Судот на ЕУ и таму проверете ги новите правила. Тоа е место каде ги решаваме нашите спорови за правните текстови. И не на штета на милионите Европејци на кои им е итно потребма помош. Тука зборуваме за кршење на владеењето на правото на штета на буџетот на ЕУ. Тешко е да се замисли дека некој во Европа е против таквиот принцип, истакна Лајан во својот говор на пленарнатра седница на ЕП.

Унгарија и Полска го блокираат усвојувањето на дел од пакетот за седумгодишниот буџет на ЕУ и планот за закрепнување затоа што не се согласуваат со механизмот со кој европските фондови се условени со владеењето на правото.

Претседателката на ЕК осврнувајќи се на Брегзит истакна дека не е сигурна дали ќе се постигне договор, при тоа додавајќи дека изминатите денови постигнат е напредок за повеќе важни прашања.

– Сепак, има уште три прашања за кои треба да се одлучи дали ќе има договор или не. Клучните прашања за европската страна се – исти правила за конкуренција за сите, риболовот и прашањето како ќе се решат споровите околу толкувањето на можниот договор. Ни остана уште малку време и ќе сториме се што е во наша моќ да постигнеме договор. Ние сме подготвени да бидеме креативни, посочи фон дер Лајан.

Таа изрази и солидарност со Франција и со Австрија, кои неодамна беа мета на терористички напади и најави дека ЕК на 9 декември ќе ја претстави новата програма против тероризмот, со која е предвидено зајакнување на соработката помеѓу безбедносните служби, опремување на граничните служби со модерна технологија, да се интензивираат напорите за борба против радикализацијата и подобро да се заштитат јавните места.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот