Кустурица: Политичката борба на Хандке беше продолжение на неговата литература

Фото: МИА

Нобелова награда за литература доделена на австрискиот писател Питер Хандке предизвика контроверзии. Додека едни сметаат дека требало и порано да му биде доделена, други ја критикуваат одлуката потсетувајќи дека Хандке го „поддржуваше Слободан Милошевиќ“.

Познатиот режисер Емир Кустурица смета дека одлуката на шведската академија е праведна.

– Голема работа за литературата. Хандкe е човек чија политичка борба беше продолжение на неговата литература која се занимава со скриената содржина на човековото постоење, надворешни лица кои беа и остануваат посветени на правдата – рече Кустурица во изјава за „Новости“.

Нобеловата награда на Хандке е доделена „за влијателно дело коешто ја јазично ја истражи периферијата и специфичностите на човековото искуство“

Писателот Миленко Јерговиќ во својот неодамна напишан есеј „Правда за писателот“, се обиде да одговори на прашањето, со што Хандке толку многу ги налути луѓето за да се сеќаваат на него по лошо.

Одговорот звучи едноставено: Тој издржа. Не замолчи по првите скандали, но упорно продолжи по свое, уживајќи што е различен од другите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот